Машински инженер

Како инженер вашите должности ќе вклучуваат планирање и дизајнирање на производни процеси во кондиторската индустрија, одржување на опремата и советување на менаџментот во врска со оперативните процеси во компанијата. Избраниoт кандидат ќе бидe дел од тимот за машинско одржување на опремата во фабриката  применувајќи ги најдобрите методи за превентивно и предиктивно одржување, планирање и распоред на активности за редовно одржување, подготовка на извештаи, оптимизација на залихи на резервни делови, учество во подготовка и имплементација на нови проекти. Ќе бидe задолжен за планирање, координирање, изведба и контрола на зафати за машинско одржување според меѓународните и најдобрите технички стандарди, компаниските процедури, следејќи ги националнте законски регулативи за безбедност и здравје при работа и заштита на животната средина. Извршувањeто на задачите во најголем дел е самостојно, како водач на тим или дел од тим.

 

Квалификации на кандидатите:

·       Машински инженер, ВСС/VII степен

·       Работно искуство од 2 години ќе се смета за предност

·       Одлично познавање на англиски јазик

·       Компјутерски вештини – MS Office, AutoCAD (2-D), MS Project, познавање на AutoCAD 3-D и Solidworks ќе се смета за предност

 

За да аплицирате пратете го вашето CV на vrabotuvanje@makpromet.com.mk благовремено ќе ве известиме дали ќе бидете поканети на интервју.