Техничар за одржување (на машини во производство)
Со цел унапредување на одржувањето на машинскиот парк во фабриката за производство на кондиторски производи Европа ДООЕЛ Штип, бараме техничар за одржување на машините во производство.
Работните обврски за ова работно место вклучуваат:
Инсталирање и сервисирање на опрема за производство според дадени инструкции
Пронаоѓање и отстранување на дефекти на машини (од типот на автоматско формирање на краен производ , формирање на кутија, мешалки, итн) во линиско производство на кондиторски производи
·По потреба поддршка на тимот за одржување на објектот во делот со инсталации
За ова работно место бараме кандидати со образование во областа на електротехничката, или машинската струка. Кандидатите со работно искуство, вештини за интерпретирање и разбирање на електронски и електротехнички шеми и технички цртежи, и основни познавања на англискиот јазик, ќе имаат предност во процесот на селекција. За да аплицирате пратете го вашето CV на vrabotuvanje@makpromet.com.mk благовремено ќе ве известиме дали ќе бидете поканети на интервју.